Боксерска легенда од Куба заврши в затвор поради силување на малолетник

Живата спортска икона на Куба, Феликс Савон (51) веќе еден месец е во затвор поради силување на 12-годишно момче, по што светската спортска јавност остана згрозена од информациите за легендарниот боксер.

Најуспешниот боксер на сите времиња од карипската држава, кој беше прогласен за „херој на Куба“ го приморал насилно 12-годишното момче на секс, но да е трагедијата поголема, ова не бил прв случај за сексуално злоставување на деца од негова страна. Наводно, Савон и претходно „бркал“ малолетни момчиња, но до неодамна имал заштита како „херој на Куба“, па полицијата не смеела да го чепка.

Ама, веројатно сега ги минал сите граници и сега е во затвор. Нема информации дали веќе е осуден или допрва го очекува судење за кое може да се јават уште оштетени деца и да се соочи со сериозно големо и тешко обвинување за педофилија.

Феликс Савон е еден од најдобрите боксери на светот во аматерска конкуренција, а познат е и по тоа што стотина пати одби да влезе во професионалните води, а одбиваше и дуели со американскиот ѕвер Мајк Тајсон, за борби кои можеа да му донесат милиони на контото. На неговото свечено заминување во пензија присуствуваше и таткото на нацијата, сега веќе покојниот Фидел Кастро, што најдобро говори каков статус имал во земјата во која боксот е национален спорт.