Најдобриот маратонец загина во сообраќајка - имаше само 24 години!

Кенискиот атлетичар, Келвин Киптум кој минатата година постави светски рекорд на маратоните, загина во сообраќајна несреќа.

24-годишниот Киптум лани направи неверојатен успех откако делницата од 42 километри ја претрча за 2 часа и 35 секунди. Тоа беше нов светски рекорд во маратон.

Светот тогаш му се поклони за неверојатното достигнување, а денеска сите се во шок од веста дека Келвин Киптум го загубил животот.

Фаталната несреќа се случила на патот Елдорет-Каптаг во Кенија кога возилото на Киптум излетало од коловозот.

Несреќата ја предизвикал самиот Киптум кој го управувал возилото, а со него бил и неговиот тренер, Жерваис Хакизимана кој исто така загинал. 

Се предвидуваше дека Киптум ќе стане првиот маратонец кој истрчал маратон за помалку од два часа, за жал неговиот живот заврши на 24 години.