Ги помрдна границите: Чептегеи е нов светски рекордер на 10.000 метри!

Атлетичарот на Уганда, Џошуа Чептегеи, постави нов светски рекорд на уличната трка на 10.000 метри во Валенсија.

Чептегеи ја истрча делницата за време од 26 минути и 38 секунди, што за шест секунди е подобро од претходниот светски рекорд поставен од Кениецот Патрик Комон во 2010 година.

Шампион во крос во Данска, светски шампион на 10.000 метри во Доха и сега светски рекорд во Валенсија. Ова беше одлична година. Не можам да верувам во тоа. Знаев дека ќе има брза патека во Валенсија, една од најбрзите во светот, за да се достигне вакво нешто, истакна Чептегеи по трката.