Британски тренер по атлетика доби доживотна суспензија поради сексуална злоупотреба

Атлетскиот сојуз на Велика Британија му изрече доживотна суспензија на тренерот Тони Миникјело поради неприфатливо однесување, откако било откриено дека вршел сексуална злоупотреба.

Независната комисија птоврди дека однесувањето на тренерот имало сериозни последици врз психичкото здравје на спортистите кои ги тренирал.

Истрагата опфати анонимни пријави на спортисти во период од 15 години, а истата потврдила дека тренерот ги допирал спортистите на непримерен начин и станувал агресивен на моменти.