Нагелсман потпиша нов договор, ќе ја води Германија и на СП 2026!

Јулијан Нагелсман ќе биде селектор на Германија и по крајот на Европското првенство, тој стави потпис на нов двегодишен договор со фудбалската федерација на оваа земја.

Нагелсман ќе ја води Германија и на Светското првенство 2026 година, дотогаш му трае новиот договор кој го потпиша со Германската фудбалска федерација.

„Ова е одлука од срцето. Голема чест е да се биде селектор на националниот тим и да се работи со најдобрите фудбалери во земјата. Со успешни, пасионирани перформанси, имаме шанса да ја носиме целата земја заедно со нас“, вели Нагелсман по потпишувањето на договорот.

Тој беше еден од главните кандидати за наследник на Томас Тухел во Баерн Минхен, но Баварците ќе треба да побараат друг стратег.