Црвена звезда е шампион на Србија - седми пат по ред!

Црвена звезда ја завери 35. шампионска титула со денешната победа од 2-1 над ТСЦ Бачка Топола.

По 33 одиграни кола во српската Суперлига, Црвена звезда создаде недостижна предност пред Партизан и ја завери шамионската титула.

Црвена звезда денеска ја совлада ТСЦ Бачка Топола со 2-1, а им помогна и поразот на Партизан од Војводина од 3-2.

На четири кола до крајот Црвена звезда има 14 бодови пред Партизан, кои сега и теоретски се недостижни.

Црвена звезда оваа сезона има шанси и за двојна круна бидејќи во финалето од Купот на Србија игра против Војводина. Дуел кој се игра на 21. мај.