Тотнем му подари гол на Њукасл со колосална глупост на Љорис! (ВИДЕО)

Во дербито од денешната понуда во Премиерлигата, Њукасл поведе на гостувањето кај Тотнем, со гол во 31. минута, под кој се потпиша Калум Вилсон, но постигнат е благодарение на една голема глупост на голманот на домаќините, Иго Љорис. Наместо да избие што подалеку, тој сакаше да глуми стопер надвор од шеснаесетникот, па настрада празната мрежа, далеку зад него. До крајот на полувремето беше и 2-0 за гостите, со погодокот на Алмирон.