Нејмар скокаше на една нога и славеше како да е на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

ПСЖ му одржа лекција на Манчестер јунајтед синоќа и славеше со 2-0 на првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите на „Олд Трафорд“. 

Парижаните дојдоа до големата победа и без својата најголема ѕвезда, Нејмар, кој натпреварот го гледаше со пријатели во својот дом во Париз. Тој ги прослави головите на неговите соиграчи исто како да е со нив на теренот на „Олд Трафорд“, но мораше да потскокнува на една нога поради повредата на стапалото.