Најмангупскиот гол од корнер (ВИДЕО)

Еквадорска Барселона со 4-2 го победи Вандерерс од Уругвај во првото коло во Копа Судамерикана, но мечот го одбележа фантастичниот потег и гол од корнер Дармијан Дијаз.

Шест минути во вториот дел, Дијаз требаше да изведе корнер и погоди директно во мрежата. Најмангупски можно, по земја. Зашто противничкиот голман беше како паднат од Марс, застанат на пет метри од голот, а на прва и втора статива – празно. Ниту еден фудбалер.