Најатрактивните 10 поени на Македонија на одбојкарското ЕП! (ВИДЕО)

Македонија го заврши настапот на Европското првенство во одбојка со пораз во осминафиналето, но победите над Данска и над Црна Гора беа доволни за најголем успех на првенствата досега. Она што не се мери со бројки и со поени е впечатокот на голото око за убавата игра. ЦЕВ ги сподели десетте најатрактивни поени на Македонија на ЕП 2023. Меѓу нив четири се на Филип Маџунков, три на Никола Ѓорѓиев, но „победник“ е Филип Деспотовски.