Куче украде копачка и трчаше низ цел терен (ВИДЕО)

Интересна ситуација се случи во мечот меѓу Стронгест и Насионал во првенството во Боливија. Во текот на дуелот на теренот се појави куче, кое украде копачка и почна да трча на теренот, при што мораше натреварот да биде прекинат.

Откако лудуваше кучето по теренот, играчите решија да реагираат и да го фатат, по што му ја земаа копачката.