Хулк „ја скина мрежата“ од слободен удар! (ВИДЕО)

Некогашниот бразилски репрезентативен напаѓач, Живалиндо Виеира Де Соуса, попознат како Хулк, потсети дека е уште присутен на терените со стравичен гол од слободен удар. Во победата на неговиот Атлетико Минеиро со 3-0 против Демократа, тој постигна два гола, од кои еден беше од слободен удар. Топката ја намести на 17-тина метри од голот, а изведе не со технички удар и со многу ефе, туку со нескротлива сила. Ова е четврта победа во четири меча за Атлетико Минеиро во новата сезеона, а Хулк брои веќе пет гола на трите меча на кои играше.