Голманот за миг помисли дека е стопер, па направи глупост! (ВИДЕО)

Малку треба за голманска глупост, а тоа му се случи на чуварот на мрежата на Нордсјеланд, во данското првенство. При негатива од 1-3 на неговиот тим, на гостувањето кај Брондби, ноншалантно играше со топката небаре е стопер, па прими гол. Мечот заврши со 5-1.