Фантастична акција на Марсијал за водство од 2-0 на Јунајтед против Фулам (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед води на гостувањето во Лондон на „Крејвен Котиџ“ против Фулам со 2-0, откако Ентони Марсијал со фантастична акција помина неколку фудбалери и постигна погодок за 2-0.

Првиот погодок за Јунајтед го постигна Пол Погба со одличен удар и голема грешка на голманот Серхио Рико.