Тренерот кој доби отказ од Вардар најде нов ангажман - ќе работи во САД!

Стратегот кој во јуни неочекувано доби отказ на клупата на Вардар, Гиљермо Милано сега пронајде нов ангажман и тоа во САД.

Милано ќе биде тренер на еден од најдобрите американски клубови, Калифорнија Иглс со кој ќе се натпреварува и на Светскипт куп на ИХФ кој на програмата е во септември.

На ова натпреварување тој ќе има можност својот нов клуб да го води против европскиот шампион Магдебург со кој е во иста група, а тука е и уште Ал Шаран од Обединетите Арапски Емирати.

„Горди сме што може да објавиме дека Гиљермо Милано се приклучува на нашиот тим додека се подготвуваме за Светското куп на ИХФ. Со меѓународно искуство и лидество, Милано ќе донесе победнички менталитет на нашиот тим на светска сцена“, стои во објавата на клубот од САД.

Ќе потсетиме, Милано во јуни доби отказ во Вардар, иако само неколку недели претходно стави потпис на нов договор и се очекуваше подолг период да го води тимот, но веројатно пресуди поразот од Пелистер на домашен терен со кој „црвено-црните“ ја загубија титулата.