Светскиот првак се испоти против Бразил: Венсан Жерар ја носеше Франција до победа

Франција многу потешко од очекуваното го совлада Бразил со 24-22 во рамки на групата А. 

Актуелниот светски првак, на стартот имаше негатива, но откако Венсан Жерар застана на голот, почна и пресвртот. Пред крајот на првиот дел Франција дојде и до +5, а на паузата замина со водство од 16-13. 

Момците на Дидие Динар одлично го почнаа вториот дел и повторно благодарение на голманот Венсан Жерар дојдоа до највисоки +6. Потоа следуваше серија од 5-0 серија на „кариоките“, а Франција не знаеше за гол цели 12 минути. Бразил израмни на 21-21, но повторно на голот Жерар беше вистинската разлика. Франција се врати во водство и не го испушти до самиот крај за конечни 24-22. 

Дика Мем и Мишел Гигу со по шест голови беа најпрецизни во таборот на „триколорите“, додека кај Бразил во нападот најдобар беше Жозе Толедо со осум голови. Жерар имаше 12 одбрани на голот на Франција, но она што е уште поважно тој одбрани дури 50 отсто од ударите кон неговиот гол. 

На останатите натпревари вечерва
ГРУПА Б
Шпанија - Бахреин 33-23

ГРУПА Ц
Тунис - Норвешка 24-34

ГРУПА Д
Египет - Шведска 24-27