Словенија вторпат за четири години нема да игра Светско во ракомет!

Словенија остана без пласман на Светското првенство во ракомет откако го загуби и реваншот против Србија во баражите, после денешниот пораз со 20-23, па северниот сосед заедно со Унгарија, Хрватска и Исланд денеска ги заверија визите за СП во јануари идната година во Шведска и Полска.

Србија имаше три гола предност од првиот меч после победата со 34-31, но Словенците се надеваа дека може да ја надополнат негативата, ама во завршницата од мечот серијата од 5-0 на Србија им пресуди за конечни 23-20 и елиминација на „змајчеките“, кои вторпат за четири години нема да биде дел од Светско во ракомет откако го пропушти Мудиналот во 2019 година, а две години претходно беа бронзени.

Хрватска вторпат ја растури Финска, вечерва со 36-22, Исланд славеше против Австрија со 34-26, а Унгарија без мака со 31-22 го победи Исланд во пресметките по кои фаворитите си го обезбедија пласманот на СП.

Македонија утре против Чешка во Скопје ќе брка нов настап на Светските првенства.