Шпанија со фуриозна завршница ја мина Шведска, Франција рутински до полуфинале

Селекциите на Франција и Шпанија се првите два полуфиналисти на машкиот ракометен турнир, После триумфите во своите четвртфинални мечеви во кои „триколорите“ немаа проблем со Бахреин (42-28), а „фуријата“ ја однесе Шведска (34-33) со фантастична завршница на мечот.

Шпанија за која игра на овие ЛОИ новиот вардарец Гурбиндо (два гола) на во завршницата вториот дел со одлична одбрана успеаа да ги запрат дотогаш залетаните Швеѓани, кои имаа и плус четири на средина од вториот дел (27-23, па 29-25) и потоа „фуријата“ направи серија од 6-1 за да поведе со 31-30 и таа предност не ја испушти.

Со уште два гола во серија дојдоа до највисоките плус три, па Шведска повеќе немаше шанса да се избори макар за продолженија и сѐ што направи беше да се приближи само на гол негатива.

Абело Гомез со осум гола, Алекс Душебаев со шест и Раул Ентрериос со пет гола беа предводници на Шпанија, додека Ване со осум гола беше прв стрелец кај Шведска, па Петерсон и Готфридсон дадоа по шест.

Франција немаше воопшто мака за полуфинале со Бахреин и од почеток го разбија противникот, па само прашање беше со колку разлика ќе победат и на крајот завршија со плус 14 (42-28), во меч на кој Кентин Мае даде девет гола, а по пет Дика Мем и Турна.

Ал Сајад и Мерза со по пет се истакнаа кај Бахреин.

Франција сега го чека противникот од пресметката Германија – Египет за ривал во полуфиналето, додека Шпанија ќе игра со подобриот од скандинавската пресметка Данска – Норвешка, кои се следни во попладневната програма.