Поранешниот вардарец потпиша за Ла Риоха

Словенечкиот пивотмен Домен Сикошек Пелко (23) наредната сезона ќе ги брани боите на шпанска Ла Риоха, по епизодната улога минатата сезона во составот на актуелниот европски шампион, екипата на Вардар.

Еден од најдобрите шпански клубови и постојан учесник во Лигата на шампионите и ЕХФ Купот, го привлече робусниот крилен напаѓач, кој минатата сезона во дресот на „црвено црните“ постигна 29 гола во рамки на СЕХА лигата.

Пред Вардар, тој играше и во Австрија за Брук, а пред тоа и за неколку клубови во Словенија, Кршко, Брежице, Добова, Требње…