ИХФ ги шокира сите: Вајлд-картите за СП 2027 ги добија - најголемите аутсајдери!
Причина за ова се очекувањата беа дека вајлд-картите ќе завршат кај европски селекции како Унгарија, Австрија или Швајцарија, но ИХФ се одлучи за поинаков избор. Последните две места на Мундијалот ги добија селекции кои се сметаат за аутсајдери во однос на конкуренцијата. Оваа одлука предизвика бројни реакции и коментари, особено поради тоа што повеќе европски репрезентации исто така аплицираа за учество на шампионатот, но останаа без место.
Со ова е комплетиран списокот на учесници, а вниманието сега се префрла кон ждрепката за групната фаза, која ќе се одржи утре (среда) во Минхен со почеток во 17 часот. Македонската репрезентација влечењето на групите го чека од вториот барабан,што ѝ носи можност за добивање група „за мерак“ која би била отскокна штица за остварување дури и сензационален резултат.