
Хрватска со еден, Србија без бод во втората фаза на Мундијалот
Меѓу 24. селекции се и Хрватска и Србија кои, сепак, ќе имаат исклучително тешка, можеби и невозможна задача да освојат едно од првите две места и да стигнат до четвртфиналето. Хрватките вечерва загубија од Шведска со 17-22, па во втората фаза пренесуваат само еден бод, оној од дуелот со Сенегал. Што се однесува до Србија, иако го победи Чиле со 30-16, нема да пренесе ништо.
Затоа, ко-домаќинот Данска славеше уште еден убедлив триумф против Романија со 39-23 и со +55 оди во главниот дел од Мундијалот.
РЕЗУЛТАТИ
Кина - Сенегал 15-22
Србија - Чиле 30-16
Данска - Романија 39-23
Шведска - Хрватска 22-17