Фуксе Берлин го промовираше Криштопанс (ФОТО)

Откако си замина од редовите на Вардар, Летонецот Даинис Криштопанс денеска беше промовиран како најново засилување за екипата на Фуксе Берлин. 

Леворакиот бомбардер ќе остане во овој тим до крајот на сезоната, од каде потоа ќе замине во француски ПСЖ, во чии редови е уште еден поранешен вардаровец од шампионската генерација, тренерот Раул Гонзалез. 

Инаку, Криштопанс ги напушти „црвено - црните“ поради финансиските проблеми со кои се соочува европскиот првак, со кој двапати ја освои шампионска круна на Стариот континент. Тој денес позираше со дресот на тимот од Берлин и беше претставен пред навивачите.