Французинките без шанси, Норвешка издоминира и стигна до олимпиското злато
Од самиот почеток Норвешка беше подобрата репрезентација на теренот, одлични беа Хени Рајстад и Стине Офтендал. На пауза Норвежанките имаа предност од два гола разлика (15-13).
Вториот дел донесе уште подобра игра на Норвешка и Франција немаше никакви шанси да се врати во натпреварот. На 12 минути до крајот Норвешка дојде и до највисоката предност од 21-15. Од тој момент Франција како полека да почна да се предава, па прашање беше само со кој резултат ќе заврши финалето.
Со осум голови Хени Рајстад беше најефикасната кај Норвешка, а ја следеше Кари Дале со шест, Офтендал додаде пет. Орлане Канор беше најрасположената кај Франција со пет гола.