Франција промаши пенал за победа против Шведска

Шведска не успеа да слави против Франција (28-28) во третото коло на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио, иако до самата завршница имаше предност од два гола.

Французинките одиграа подобро прво полувреме во кое имаа и предност од пет гола (15-10), но Шведска со одлична серија се врати во игра и израмни на 16-16.

Во вториот дел следеше целосен пресврт од страна на Швеѓанките, кои во завршницата од дуелот имаа водство од 28-26, но Франција израмни на 28-28, по што имаше пенал за победа кој не го искористи.

Стромберг беше најдобра кај Шведска со седум постигнати голови, додека Фопа постигна шест погодоци за Франција.