Египет со ракометна лекција за Белорусија, Франција тесно против Исланд

Египет ја запиша втората победа во главната рунда на Светското ракометно првенство и тоа против Белорусија со убедливи 35-26 во рамки на групата 4. 

Уште во првото полувреме се виде дека домаќинот на турнирот е исклучително расположен па во два наврати имаше водство од +9, а самиот факт што постигна 21 гол по првите 30 минути кажува многу за играта на момците на Роберто Гарсија Парондо. Разликата само се зголемуваше во вториот дел, а Белорусија не можеше да најде против игра и во неколку наврати имаше и највисока негатива од 11 разлика.

Елахмар Ахмед постигна осум голови од девет удари кај Египќаните, додека кај Белорусија најмногу се истакна Микита Вајлупов со четири голови.

Египет сега води во групата 4 со шест бодови, пред Русија која има пет, а потоа следуваат Шведска и Словенија со пет, односно четири, но овие две репрезентации вечерва играат меѓусебе. 

Во групата 3, Франција со 28-26 го совлада Исланд и ја продолжи победничката низа. Французите водат во групата со 8 бодови и e на чекор до четвртфиналето.