Доминација на Франција: Златен медал за дамите!

Франција славеше во денешното финале на ракометниот турнир против Рускиот олимписки комитет со 30-25 и го освои златниот медал на Олимписките игри во Токио.

По израмнетата борба на почетокот од натпреварот (6-6), контролата врз мечот ја преземаа Французинките кои го одржуваа водството од два гола до крајот на првите 30 минути (15-13).

Во вториот дел Русија израмни на 16-16, но потоа Французинките со серија од 6-0 избега на убедливи 22-16. До крајот на мечот Русинките немаа шанси да му се приближат на ривалот, па Франција се закити со златниот медал.