Данска ја „тресна“ Португалија и освои бронза на кадетскиот Мундијал

Кадетската репрезентација на Данска успеа да освои бронзен медал на Светското првенство, кое се одржува во Македонија, откако во финалето славеше против Португалија со 35-27.

Данска играше одлично во првото полувреме, па на паузата замина со солидна предност од 15-11 против Португалија.

Португалците не успеаа да фатат приклучок во мечот, па Данска постојано го зголемуваше водството и на крајот ги постави конечните 35-27.

Матс Хангард беше најефикасен на мечот со десет постигнати погодоци.

За златниот медал на Мундијалот ќе играат Египет и Германија од 18 часот.