Червар има таен адут за пресметките за медал на Мундијалот!

Селекторот на Хрватска, Лино Червар направи втора промена, односно прва во втората фаза на Светското првенство во Германија и Данска, откако претходно го повика Кристијан Беќири на местото на Халил Јагањац.

Хрватска денеска од 18 часот игра против Бразил во првиот меч од втората фаза, а Червар ја искористи шансата и во екипата го вклучи Иван Слишковиќ, а му се заблагодари за помошта на Крешимир Козина.

Хрватска во понеделник ќе игра против домаќинот Германија, а во среда ќе се пресмета со Франција, па тие со две победи би можеле да изборат пласман во полуфинале.