Алушовски останува на Исланд уште три години

Поранешниот македонски репрезентативец и екс-селектор Стевче Алушовски останува на Исланд уште три години, откако актуелниот клуб Тор од Акурејри му понуди долгорочна соработка.

Алушовски пред да замине на Исланд последно беше тренер во Вардар, ама со исландскиот клуб не успеа преку плејофот да го однесе овој клуб во елитното друштво, но ги задоволил сите во клубот, по што тие му понудиле нов договор со цел во следниот период Тор да влезе меѓу најдобрите клубови на Исланд.

За Тор изминатава сезона играше и македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски, кој неодамна се врати во Македонија и потпиша за Пролет.

Алушовски е поранешен тренер на Вардар, Пелистер и Е. Работник.