Уште од бебе за Македонија! Ги имаме најмладите навивачи на СП! (ФОТО)

Македонската фаланга почна да пристигнува во „Олимпијахале“ во Минхен, каде што нашата репрезентација го игра првиот меч од СП во ракомет, против Јапонија. И веднаш ја добивме главната улога.

ФОТО: ПЕТР СТОЈАНОВСКИ

Ние не би биле тоа што сме, а да не покажеме како се сака државата на вакви спортски настани. Македонија ги има најмладите навивачи на ова СП - две бебиња кои во колички, прекриени со македонски знамиња беа вистински декор пред влезот во салата.