Хрватска извојува победа во интересен натпревар со Исланд, наметнувајќи се како кандидат за првите три места или повисоко во групата Б, во Минхен.

Хрватите славеа со 31-27, но ни одблиску не беше така извесно во текот на мечот. Напротив, Исланд имаше еден налет во второто полувреме, враќајќи се од негатива 17-21. Постигна седум гола, Хрватите возвратија само со еден и во 46. минута беше 24-22 за Исланд. 

Сепак, имаше уште време за момците на Лино Червар да го кажат завршниот збор, а најгласен беше Марин Шего со неколку важни интервенции. Во последните десетина минути Исланд постигна само два гола, Хрватите се одлепија на плус четири и ја осигураа победата.

Претходно, во првиот дел исто така беше изедначено и крајно непредвидливо. Најчесто беше плус еден за Хрватите, водеа и со 14-11 на пет минути до крајот, но Исланд од никаде најде сили за финиш и за 16-14 на паузата.

Лука Степанчиќ беше најефикасен со осум гола, неговиот имењак Циндриќ го следеше со шест, додека кај Исланд најефикасен беше Арон Палмарсон со седум гола.