Македонија шести пат по ред ќе игра на Светско првенство во ракомет после драматичната победа над Чешка во СЦ „Борис Трајковски“, па новиот голем успех со продолжувањето на континуитетот на настапи на големите настани, вечерва беше зачинет и со прошталниот меч на Филип Миркуловски. Седум илјадната публика која безрезервно секојпат ја поддржува ракометната репрезентација после триумфот му се поклони на популарниот Жути и го испрати во заслужена ракометна пензија.