Ракометарките со триумф против Косово го завршија турнирот во Анталија

Македонската женска ракометна репрезентација успеа да слави со 30-27 против Косово  во четвртиот пријателски меч, па така на најдобар начин го заврши настапот на меѓународниот турнир во Анталија, Турција.

Ракометарките уште во првото полувреме имаа солидно водство пред нивните ривалки од 17-13, кое го чуваа до крајот на средбата и така го запишаа вториот триумф на турнирот.

Македонија претходно славеше и против младата селекција на Турција со 37-19, додека загуби од првиот тим на домаќинките со 33-42, а одиграа и реми против Италија со 29-29.

Најдобра во македонскиот состав во победата против Косово беше Елена Ѓорѓиевска со осум постигнати голови.