Нова драма за Лазаров: Нант губеше со минус три на минута до крајот, но – извади бод!

Ракометарите на Нант како да се претплатени на средби со драматични завршници, па само неколку дена по драмата против Кјелце по која се пласираа во четвртфиналето од ЛШ, одиграа сличен меч на домашна сцена и тоа на гостувањето кај Тулуз (29-29).

Составот за кој настапува нашиот Кирил Лазаров имаше негатива од три голови (26-29) на нешто повеќе од една минута до крајот, но покажаа квалитет кога беше најпотребно и со погодокот на Ривера на десет секунди до крајот дојдоа до егал-ситуација и еден бод.

Капитенот и селекторот на Македонија постигна два гола на оваа средба, а најефикасни кај Нант беа Ривера со осум и Бриет со пет погодоци.