Не сме на број, ама подготвени сме за бој (ФОТО)

Македонската ракометна репрезентација денеска со двојна доза тренинзи ги почна подготовките за бараж двомечот со Романија за пласман на Светското првенство идната година во Шведска и Полска. 

Селекторот Кирил Лазаров од утре ќе ги има сите ракометари на број и ќе може да работи со целиот тим. Денеска се приклучија Жарко Пешевски, Филип Миркуловски и голманот Никола Митревски, кои утре ќе почнат со тренинзи.