Македонија запиша и втор триумф против Италија во Охрид

Кадетската репрезентација на Македонија славеше и вторпат против Италија во пријателска средба, и тоа со овој пат со 30-29.

Италија даде отпор во првото полувреме, кое го доби со 17-16, но потоа во вториот дел се случи целосен пресврт и Македонија постојано имаше преднос, која во завршницата изнесуваше убедливи пет разлика, односно 29-24.

Меѓутоа, македонските ракометари се опуштија, па Италија успеа да стигне до достоен пораз од само еден гол разлика (29-30).

Во македонската екипа Стојковиќ и Ѓорговски постигнаа по пет голови, додека најдобар кај Италија беше Хроватин со седум погодоци.

Македонија на првиот меѓусебен дуел против Италија славеше со убедливи 29-21.