Македонија загуби и од Холандија на ЕП на плажа

Женската ракометна репрезентација на Македонија го запиша вториот пораз на Европското првенство (ЕП) на плажа, откако загуби и од Холандија со 0-2 во сетови.

Репрезентативките на Холандија беа подобри во првиот сет со убедливи 28-12, додека во вториот повторно доминираа и со 25-10 ја обезбедија победата.

Најдобра во селекцијата на Холандија беше Изабел Бернард која постигна 14 поени, додека Меике Крујер запиша 13 поени. Во редовите на Македонија најефикасна беше Бојана Диневска со десет поени, додека Ана Марија Божиновска имаше четири поени.

Македонија претходно загуби и од Украина, а последниот меч го игра против Португалија на 25 мај.