Македонија од вториот шешир ќе ги чека противниците за СП 2023

Македонската ракометна репрезентација на ждрепката закажана за 2 јули од вториот шешир ќе ги чека ривалите за Светското првенство (СП), кое ќе се одржи во Шведска и Полска во 2023 година.

На Мундијалот ќе настапат 32 репрезентации, а досега се познати 24, додека до ждрепката треба да бидат одредени уште три, меѓу кои е шампионот од Северна Америка и Кариби, како и две вајлд-карти од Меѓународната ракометна федерација (ИХФ).

СП ќе се одржи од 11 до 29 јануари идната година, а титулата ја брани Данска.