
Македонија го распарчи Азербејџан и е на чекор до пласман на ЕП!
Ракометарките го отворија мечот со серија од 4-0, по што Азербејџан се созема по почетниот шок и израмни на 5-5. Македонија, сепак, во финишот на првото полувреме влезе во одличен ритам и замина на паузата со 19-12.
Предноста на македонската селекција во вторите 30 минути продолжи да расте и достигна до +16 (36-20), а на крајот Македонија оствари победа од 37-22.
Најдобра во победничкиот состав беше Јована Саздовска со седум голови, додека еден помалку постигна Ристовска.
Македонија е на чекор до пласман на ЕП, односно ѝ треба услуга од Шпанија која денеска се очекува да ја совлада Литванија.