Хрватите за неуспехот на ракометарите на ЕП ја обвинија - Колинда!

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ и понатаму доаѓа на најважните натпревари на спортистите на нејзината држава.

Колинда денеска присуствуваше во финалето на Европското првенство (ЕП) во ракомет, каде што Хрватска загуби од Шпанја со 20-22, а интересно е тоа што навивачите ја обвинија токму неа за поразот затоа што била голем - малер.

Хрватите сметаат дека претседателката е малер затоа што во последно време им носи несреќа на спортистите. Колинда два дена претходно присуствуваше на полуфинале на ЕП во ватерполо во кое загуби Хрватска.

Исто така, многумина потсетуваат дека таа е до 18 февруари, па за нивна среќа нема други натпреварувања на кои може да им донесе несреќа.