Грците ги пречекавме со десетици знамиња со сонцето од Кутлеш (ФОТО)

Македонската ракометна репрезентација денеска во „Борис Трајковски“ го игра првиот натпревар против Грција во пресрет на Европското првенство (ЕП), а на трибините во салата имаше голем број навивачи со знамиња со сонцето на Кутлеш.

Навивачите со десетици знамиња на трибините се погрижија да ја „загреат“ атмосферата во салата „Борис Трајковски“.

Македонија и утре ќе игра контролен натпревар против Грција, кој ќе биде последен пред настапот на ЕП.

Нашите ракометари се наоѓаат во групата А, каде што се и Германија, Франција и Швајцарија, а само двете најдобри селекции ќе изборат пласман во следната фаза од натпреварувањето.