Германија подобра: Втор пораз за Македонија на кадетското ЕП

Македонската кадетска репрезентација претрпе втор пораз во вториот натпревар на Европското првенство во Подгорица.

По вчерашниот пораз од Франција со 29:28 во кој бевме рамноправни до самиот крај, денес одигравме послаб натпревар против Германија (19:25).

На Германците им париравме само едно полувреме во кое се играше изедначено, а тие на пауза заминаа со еден гол предност (9:10). 

Клучен период во победата на Германија беше почетокот на вториот дел кога ја направија разликата. Како што започна второто полувреме, така предноста на Германија растеше.

Во најголем дел од овој период Германија водеше со пет или шест гола предност, а на крајот славеа победа со 19:25. Најефикасен во нашите редови беше Самоил Ристевски со 11 постигнати погодоци. 

Македонија утре со почеток од 14:30 часот го игра третиот натпревар и противник ќе ни биде селекцијата на Полска.