Дувњак: Исчезнавме на теренот, ѝ се извинувам на цела Хрватска!

Хрватска загуби во последниот меч од главната фаза со 26-38 од Данска и не успеа да се пласира во четвртфиналето, иако имаше огромна можност за тоа, па Хрватите разочарани си заминаа дома.

Хрватите одиграа едно од најлошите првенства, а целосно ја разочараа хрватската јавност со нивното второ полувреме против Данска, каде што играа немоќно и нокаутирано.

По мечот изјава даде и капитенот на хрватската селекција, Домагој Дувњак, кој беше краток и јасен, а неговата изјава ја опиша ситуацијата во која се наоѓаат.

„Сакам да ѝ се извинам на цела Хрватска. Ова не е Хрватска од претходно. Исчезнавме на теренот, ја преземам одговорноста како капитен, мора да направиме вистинска анализа“, кажа Дувњак.