Брестовац го објави списокот: Без Борко Ристовски против Финска и Швајцарија

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Данило Бресотвац го објави скратениот список за претстојните два натпревари против Финска и Швајцарија во квалификациите за Европското првенство. 

Изненадувачки на списокот го нема голманот Борко Ристовски, кој брани фантастично на голот на Вардар сезонава, а исто така го нема ниту Гоце Георгиевски, кој пак има мала минутажа во редовите на „црвено-црните“.

Останатите „вардарци“ добија повик како младиот голман Марко Кизиќ, Стојанче Стоилов, Филип Талески и Марко Мишевски. Повикан е само еден играч на Металург, а тоа е Мартин Серафимов, кој пред извесно време беше позитивен на Ковид-19. Најмногу играчи има од Еурофарм Пелистер, дури шестмина.

Македонската репрезентација првиот натпревар го игра во Скопје против Финска на 4.ноември, додека во 2.коло гостуваме кај Швајцарија три дена подоцна.