Веспрем е првиот учесник на Ф4-турнирот во СЕХА

Епилогот беше очекуван на натпреварот Татран - Веспрем, па по 60 минути во „Веспрем арена“, актерите само нè послужија со конечниот резултат - 35-25 за фаворитот.

Со оваа победа Веспрем стана првиот учесник на завршниот турнир на најдобрите четири екипи во СЕХА-лигата, во „осакатената“ 2021/22 сезона. Мечот на кој формално е домаќин Татран, сепак се одигра во Унгарија, на пат на словачкиот шампион кон Струга.

Парираше на актуелниот шампион на СЕХА само едно полувреме и тогаш  константно бркајќи негатива. Унгарците имаа највисоки 18-13, но примија уште два гола и потоа заминаа на пауза. Во второто полувреме подолгата клупа ја хранеше предноста на Веспрем до максимални и конечни 10 разлика. Исланѓанецот Елисон со седум гола беше најефикасен кај победникот, а Антл ги предводеше стрелците на мечот со девет од девет.

На Ф4 турнирот во Задар, во септември, противник на Веспрем во полуфиналето ќе биде победникот од Пелистер - Мешков Брест, натпревар кој се игра на 25 авуст. Тоа ќе биде последното четврт-финале, откако два дена пред тоа Вардар ќе го пречека Нексе, а сега, в среда Загреб е фаворит со Војводина.