Штербик оди во пензија, ама ѝ порача: Ако затреба ќе се вратам, само да не се здебелам!

Големиот Арпад Штербик, бившиот голман на Вардар од првата европска круна во Келн 2017 година на крајот на сезонава ќе замине во пензија на 41 година, откако Србинот со унгарско потекло и екс-шпански репрезентативец ќе го заврши договорот со Веспрем.

Штербик дојде како една од најголемите ракометни ѕвезди во 2014 година во Вардар кога вистински започна проектот на црвено-црните и во 2017 година ја освои Лигата на шампиони со македонскиот тим. Шетрбик бранеше во првата „златна генерација“ на Раул Гонзалез и веќе беше во поодминати години. Многумина очекуваа дека после Вардар ќе оди во пензија, но се врати во Веспрем, пред две години на Шпанија ѝ донесе европско злато и сега реши да стави точка на извонредната кариера.

„За ваков чекор веќе размислувам четири-пет години, но секогаш имаше нешто што ме држеше, некој мал дел. Ракометот стана дел од мојот живот и ќе останам во ракометот дури и кога нема да бидам на голот. Но, доаѓањето на Родриго Коралес за следната сезона, Веспрем има голманско трио кое ќе биде стабилно, па јас можам да се повлечам“, вели Шетрбик за унгарските медиуми.

Иако заминува во пензија, Штербик посочи дека вооопшто не е тажен.

„Зошто би бил тажен? Имам две прекрасни деца и прекрасна сопруга кои ме чекаат дома! Но, ќе им порачам на навивачите и тие да не бидат тажни, зашто нема да одам далеку. Ако треба, пак ќе се вратам меѓу диреците. Ќе бидам внимателен за да не нафрлам десет килограми на мене“, додава во смеа Шетрбик.

Посакува сезонава со нова европска титула, петта во кариерата од ЛШ, да замине во пензија. Лани Вардар беше тој што го урна Веспрем во финалето за втората круна, кога блескаше негпвиот наследник по заминувањето од Скопје, Дејан Милосављев. Штербик кариерата ја почна во Југовиќ (до 2001), потоа замина во Веспрем (2001-2004), па играше полни седум години за Сиудад Реал (2004-2011), една година во Атлетико Мадрид (2011-12), па три во Барселона (2012-2014) и потоа од 2004 до 2018 беше дел од Вардар. Во Веспрем се врати и сега ја завршува кариерата.

Зад себе има светска титула од 2013, европска круна од 2018, четири трофеи во ЛШ, најдобар ракометар за 2005... Играше за репрезентациите на Југославија и на Шпанија.