Поранешен македонски селектор кандидат за наследник на Вујовиќ

Веселин Вујовиќ вчера поднесе оставка на тренерската позиција во ракометниот клуб Загреб поради лични причини и обврски во Србија. Сега хрватскиот шампион е во потрага по нов кормилар. 

Генералниот менаџер на Загреб, Божидар Јовиќ за хрватски медиуми ги откри трите имиња кои се во трка за клупата на тимот за следната сезона, а помеѓу нив се наоѓа и името на поранешен македонски селектор.

Се работи за Ивица Обрван, кој претходно седеше на клупата на Загреб од 2010 до 2012 година. Потоа три години беше селектор на нашата ракометна репрезентација, а неговиот последен ангажман беше во француски Шамбери, кој го напушти во 2018 година.

Останатите двајца кандидати се Ирфан Слајмагиќ и Ненад Кљаиќ.