Пелистер ќе тргне против Војводина, Вардар ќе се соочи со Татран

СЕХА-лигата го објави распоредот на натпреварите од групната фаза за новата сезона, која ќе почне на 25 јануари, а притоа македонските претставници Вардар и Пелистер ги дознаа термините на дуелите.

Македонскиот првак ќе го почне натпреварувањето против Татран Прешов на 28 јануари, а потоа ќе се соочи со Партизан на 1 февруари. Потоа ќе се соочи со Татран на 10 февруари, а на 28 ќе игра повторно против Партизан.

Пелистер тргнува на гости кај Војводина на 30 јануари, а три дена подоцна ќе се судри со Нексе. Потоа ги пречекува најпрво Војводина на 2 март, а на 13 март ќе го игра вториот дуел со Нексе.

Завршниот турнир во СЕХА треба да се одржи од 21 до 23 април.