Екипата на Металург не успеа да победи во СЕХА-лигата и покрај тоа што добро го отвори резултатот и имаше предност по првото полувреме, па на крајот Извиѓач се задоволи и со реми (27-27).

Тимот од Автокоманда ја направи првата посериозна разлика на средината на првото полувреме, кога стигна до три голови предност (8-5), а како минуваше времето, таа постојано се зголемуваше и стигна до пет голови разлика (12-7).

Сепак, во второто полувреме Извиѓач заигра многу подобро, па стигна до израмнување во 39. минута на 18-18, а во следниот напад го презема водството (18-19).

Средбата во продолжението беше израмнета и се играше гол за гол, а во самиот финиш Металург водеше и со 27-26, но не успеа да се одбрани и Извиѓач израмни на 27-27.

Мартин Серафимов кај Металург постигна шест погодоци, а кај Извиѓач најефикасен беше Ведран Делиќ со шест гола.