Џамбо Милиќ: Ме мрзеше да тренирам, Раул не ме сакаше...

Српскиот голман Страхиња Милиќ Џамбо го напушти актуелниот европски првак Вардар пред две години, но сега повторно му се врати на ракометот и ќе го брани голот на Партизан.

Милиќ даде интервју за телевизијата на клубот, каде што откри што се случувало додека го носел дресот на „црвено-црните“.

„Не верував дека ќе направам две години пауза од ракометот. Ме мрзеше да тренирам. Кога се вратив и го гледавм мечот меѓу Вардар и Кјелце во Лигата на шампиони, изгледав како никогаш да не сум играл ракомет. Тоа луѓето не можат да го разберат... Не бев во најдобри односи со тренерот Раул Гонзалес, бев меѓу два огна. Тренерот не ме сакаше, а претседателот ме сакаше и тој не ме пушташе да замине на друго место“, вели Милиќ.

Српскиот голман открива дека бил пред потпис со германски тим, но потоа решил да замине во Вардар бидејќи му биле потребни пари и на него, и на клубот.

„Јас бев пред потпис со германски тим, но заминав во Скопје затоа што на мене и на Партизан ни требаа пари. Не сакав да заминам доле, но морав да заминам. Сепак, ми се допаѓаше животот во Скопје, јас сметам дека сме исти народ. Добив договор на една година, кога во клубот беа Веселин Вујовиќ и Михајло Михајловски, по што се појави Самсоненко, на кој му се допадна тимот и реши да го преземе. Потоа ја освоивме ЛШ...“, открива Џамбо.